Нова сензација на Вимблдон – квалификант го елиминира седмиот носител!

Италијанскиот тенисер, Лоренцо Музети, кој е седми на АТП-листата, доживеа големо разочарување на Вимблдон, откако беше елиминиран уште во првото коло од Грузиецот Николоз Басилашвили (2-6, 6-4, 5-7, 1-6).

Мечот заврши за само два ипол часа, а поразот значи сериозен удар за Музети, кој минатата година стигна до полуфиналето на овој гренслем-турнир. Тогаш беше поразен од Новак Ѓоковиќ, а сега ќе загуби дури 790 поени, што може значително да му ја влоши позицијата на светската ранг-листа.

Басилашвили, кој моментално се наоѓа на 126. место на АТП листата, одигра еден од најдобрите мечеви во својата кариера. Од самиот почеток ја наметна играта и лесно го освои првиот сет. Музети успеа да израмни во вториот, но клучниот момент се случи во финишот на третиот сет, кога Грузиецот направи решавачки брејк. Во четвртиот сет целосно доминираше и го запечати изненадувачкиот триумф.

Тој во второто коло ќе се соочи со уште еден Италијанец, Лоренцо Сонего, а истовремено му го олесни патот на Новак Ѓоковиќ на патот кон 25. гренслем-трофеј со оглед што Музети беше негов потенцијален противник во осминафиналето.

ФОТО: X / @TheTennisEmotes