Шок во Загреб: Соиграч на Ристовски и Адеми претепан од – лихвари!
Инцидентот се случил минатиот петок во еден локален кафе-бар, каде што Петковиќ се сретнал со лица што претходно му позајмувале пари на неговиот брат. Целта на средбата била решавање на финансискиот долг, но ситуацијата наводно ескалирала откако напаѓачот на Динамо одбил да плати камата поврзана со долгот.
Петковиќ не игра од ноември поради повреди на адукторот и пубичната коска, а моментално се наоѓа во Болоња, каде што работи на рехабилитација. Спортскиот директор на Динамо, Марко Мариќ, наводно стапил во контакт со него за да ги провери овие информации. Според полициски извори, станува збор за случај на лихварење, бидејќи Петковиќ бил подготвен да ја подмири главнината од долгот, но откако дознал за високата камата, одбил каков било договор, по што бил физички нападнат.
Полицијата сè уште не излегла со официјални информации за случајот.