Адеми и Ристовски испаднаа од ЛШ иако шансите за тоа беа помали од – еден процент!

Екипата на Динамо Загреб, за која настапуваат нашите Стефан Ристовски и Аријан Адеми, несреќно го заврши настапот во Лигата на шампионите и покрај тоа што во последното коло го совлада Милан (2-1).

Пред почетокот на натпреварувањето, шансите тим со 11 бодови да не се пласира меѓу најдобрите 24 беа помали од еден отсто (1%), но токму тоа му се случи на хрватскиот шампион. Екипата на Фабио Канаваро го заврши групниот дел со ист број бодови (11) како Манчестер Сити, Спортинг Лисабон и Клуб Бриж, кои изборија пласман во следната фаза благодарение на подобрата гол-разлика во однос на Динамо.

И покрај солидниот учинок, загрепскиот тим остана без место во нокаут-фазата, што претставува една од најневеројатните елиминации во поновата историја на натпреварувањето.