Официјално: Нико Ковач е нов тренер на Борусија Дортмунд
За хрватскиот стручњак ова ќе биде прв ангажман по пауза од безмалку една година, односно по заминувањето од Вофсбург каде доби отказ во март 2024. Борусија Дортмунд за него ќе биде четврти бундеслигаш во тренерската кариера во која ги водеше и Баерн Минхен, Ајнтрахт и спомнатиот Волфсбург. Беше тренер и на Монако и селектор на хрватската репрезентација од 2013 до 2015 година.
„Преговорите со Ларс Риен беа конструктивни, а сите одговорни во клубот ми дадоа впечаток дека сум на вистинското место. Најважно е сите да бидеме максимално посветени да ја претставме Борусија Дортмунд во најдобро светсло во Лигата на шампионите и на Светското клупско првенство“, изјави Ковач кој ќе биде официјално претставен на прес-конференција идната недела.
Тој доаѓа на местото на Нури Шахин кој ја остави Борусија Дортмунд на 12 позиција на табелата во Бундеслигата со 26 бода. Дебито на Ковач ќе биде претстојниот викенд против Хајденхајм.