Вирц нема да го следи Алонсо во Реал, ќе ги разочара фановите на Леверкузен

Флоријан Вирц е еден од најдобрите германски фудбалери во моментов и се очекува ова лето да го напушти Баер Леверкузен и да се пресели во гигант.

Тој се поврзуваше со Реал Мадрид, но прв фаворит за неговиот потпис е Баерн Минхен.

Медиумите од Германија пренесуваат дека Баерн побарал помош и од спонзорот Адидас за реализација на овој трансфер.

Се шпекулира дека на Баерн ќе му треба пакет од 250 милиони евра, односно 125 за обештетување кое ќе го добие Леверкузен, и 125 милиони за петгодишен договор на Вирц. 

Адидас е спонзор и на Флоријан Вирц, па Баварците сметаат дека тие ќе бидат вистинско место за фудбалерот со оглед на тоа што Леверкузен ќе се префрли на Њу Баланс.

Вирц се поврзуваше и со Реал Мадрид и Манчестер Сити, но наводно не сака да ја напушти Германија. 

Навивачите на Леверкузен и самиот клуб ќе бидат разочарани од една ваква одлука со цел што тој го засилува нивниот ривал.