Младите македонски борачи на силен турнир во Романија

Од 8 до 11 мај, во главниот град на Романија, Букурешт, се одржува меѓународниот боречки турнир “Constantin Alxandru & Ioan Poopovici”, за кадети, до 17-годишна возраст.

Турнирот е дел од официјалниот календар на Светската боречка федерација (УВВ) и истиот е тест за спортската форма на борачите. По овој турнир, почнуваат завршните подготовки пред учеството на Европското првенство кое што ќе се одржи  во Скопје од 9 до 14 јуни.

Во составот на македонската репрезентацијата во борење на турнирот во Букурешт се следниве борачи:

Момчиња:
Андреј Мишев -45 кг
Елмедин Ајрулаи - 45 кг
Леон Манов -48 кг
Никола Гичев -51
Суфијан Синани -60
Девојки:
Фросина Атанасова -43
Бојана Ковачова -53
Сејди Дура -53
Ангела Трајковска -57
Тамара Цветановска-61
Нина Славевска -69
Тренери на тимови:
Мики Тодоров
Марјан Христов
Гоце Ангелов - судија