Алаба најде нов клуб, ќе игра во Серија А

Aвстриецот Давид Алаба е пред потпис со италијански Удинезе каде што треба да пристигне како слободен играч.

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид и Баерн Минхен ги договорил сите услови со калчолигашот и остаува само уште се да биде во ред на лекарските прегледи за договорот да биде официјализиран.

Летово Австриецот се раздели со Реал Мадрид со кој освои бројни трофеи, меѓу кои и Лигата на шампионите. Претходно беше дел од германскиот гигант Баерн Минхен, па така Удинезе добива засилување со големо искуство кое сигурно може да помогне.