Валенсија за нов тренер го избра екс-селекторот на Мексико

Поранешниот селектор на Мексико, Хавиер Агире е новиот предводник на Валенсија која има катастрофален почеток на сезоната.

Тимот на Димитриевски по седум кола во шпанската Ла Лига е претпоследна со само само четири освоени бодови, па Агире ќе мора многу брзо да донесе подобри резултати.

Договорот кој го потпиша Агире е со важност до крајот на сезоната со опција за продолжување, но тоа секако ќе зависи од резултатите.