Раде Стојановиќ веќе не е тренер на Ајдовчина

Македонскиот стратег Раде Стојановиќ се раздели со словенечкиот прволигаш Ајдовчина.

Стојановиќ во Ајдовчина пристигна минатата сезона и успеа да се избори за место помеѓу најсилните, сепак во актуелната не успеа да донесе резултати како што се очекуваа.

Во таква ситуација Стојановиќ и словенечкиот клуб се договорија за спогодбен раскина соработката.

Пред да пристигне во Ајдовчина, Стојановиќ во Словенија го водеше и тимот на Тимо Требње, претходно во Македонија работеше во екипите на Металург, Охрид и Тиквеш. Исто така тој беше и селектор на кадетската и младинската репрезентација на Македонија.