Страшно: Гром удри на терен за време на тренинг на Фиорентина! (ВИДЕО)

За време на тренинг на младинскиот погон во Фиорентина се случи природен инцидент кој за среќа помина без посериозни последици.

Од Италија пристигнува страшна снимка, за време не тренинг на една од младинските селекции на Фиорентина, удри гром на теренот.

Се работи за играчи до 18 години. За среќа громот удри на место каде што во тој момент немаше играчи.

На крајот се помина без посериозни последици, но страшна е помислата што можеше да се случи.