Легенда на Јунајтед уште пред четвртфиналето предвиде кои ќе бидат финалисти во ЛШ! (ВИДЕО)

Легендарниот Пол Сколс пред четвртфиналето прогнозираше кои екипи ќе се борат за пехарот во финалниот меч од Лигата на шампионите и погоди.

Сколс имаше една грешка, ама таа не му го наруши конечниот тип. Тој наместо Арсенал, очекуваше Реал Мадрид да игра во полуфинале против ПСЖ.

Останатото го погоди, вклучително и најважното, дека ПСЖ и Интер ќе се борат за трофејот.