
Барселона ќе биде исклучително засилена пред дербито со Реал Мадрид!
Според информациите на шпанскиот весник „Ас“, иако не се очекува Балде да започне во стартниот состав, сепак се предвидува дека ќе добие минутажа како замена. Неговиот повраток доаѓа во клучен момент за каталонскиот клуб, кој се наоѓа во трка за титулата во Ла Лига.
Барселона има четири бода предност пред Реал Мадрид на само четири кола до крајот на сезоната, а исходот од дербито може да биде пресуден за одредување на шампионот. Каталонците веќе го освоија Купот на кралот и имаат шанса за двојна круна, доколку успеат да ја задржат предноста и во домашното првенство.
ФОТО: EPA PHOTO