Али Адем се врати во Шкупи
24-годишниот дефанзивен играч за врска, од Шкупи замина летото и се пресели во Фљамуртари, Албанија.
Сега повторно е во Шкупи. Ова за него ќе биде трет престој во чаирскиот тим бидејќи за нив играше и во 2021 година.
Али Адем професионалната кариера ја започна во Вардар, а го носеше дресот и на грчките екипи, Арис и Верија.