Одложени се медицинските прегледи на Доргу во Манчестер јунајтед!

Официјализирањето на трансферот на големото засилување за Манчестер јунајтед, Патрик Доргу ќе почека уште некој ден.

Медицинските тестови на Доргу во Манчестер беа закажани за денеска, но стигнува информацијата дека тие се презакажани за викендот.

Наводно нема никаков проблем за реализација на трансферот, договорот постигнат меѓу двата клуба останува, но поради одредени документи Доргу ќе отпатува за Англија за време на викендот.

Манчестер јунајтед за Доргу ќе плати 30 милиони евра плус 5 милиони евра во бонуси.