Продолжува хаосот на СП: И голот со кој загуби Германија бил – нерегуларен (ВИДЕО)

Селекцијата на Португалија се пласираше во полуфиналето на Светското првенство (СП) со победа над Германија (31-30) по продолженија, но одлучувачкиот гол предизвика контроверзии.

Мартим Кошта го постигна победничкиот погодок само три секунди пред крајот, но според германската јавност, тој направил пет чекори пред да шутира – нерегуларност што судиите не ја санкционирале. И покрај сомнителниот момент, Португалија ја запиша историската победа, додека Германија остана со горчливо чувство по елиминацијата.

Ова не е првпат судиските одлуки да предизвикаат полемики на ракометниот Мундијал, откако претходно се појавија сомнежи за регуларноста на голот со кој Франција (види ТУКА и ТУКА) се пласира во полуфиналето.