Египќаните бесни на Начевски и Николов: Загубивме со неважечки погодок! (ВИДЕО)

Франција на исклучително драматичен начин го победи Египет и се пласираше во полуфиналето, на семафорот имаше уште 0,3 секунди до крајот кога топката која ја упати Карабатиќ ја мина гол линијата.

Македонските судии Николов и Начевски на видео го проверуваа голот по што стигна потврда дека тој е регуларен, радоста на Франција почна, но почна и бесот во таборот на Египет.

Тие се жалат дека кога Карабатиќ шутирал од центар, имало француски ракометар кој газел на половината на Египет и поради тоа голот бил нерегуларен. Но има и друга теорија која вели дека голот е регуларен бидејќи и покрај тоа што Французинот газел во полето на Египет, тој не влијаел на играта и на шутот на Карабатиќ.

Египќаните се жалеа дека македонските судии го гледале само времето кога топката влезе во голот, а не и што се случи на центарот кога Карабатиќ шутна.