Роџерс постигна два гола во првите пет минути и испиша историја во ЛШ

Астон вила имаше одличен почеток на мечот против Селтик, а Морган Роџерс со два гола донесе водство од 2-0 за домаќините и испиша историја во Лигата на шампиони (ЛШ).

Роџерс стрелаше во третата и петтата минута од средбата, па така стана прв фудбалер во историјата на елитното натпреварување кој постигнал два погодоци во воведните пет минути од еден натпревар.