Претседателот на Ла Лига: Имаме силни докази против Барселона!

Првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас го прекина молкот и зборуваше за Барселона и регистрацијата на Дани Олмо, која успеа со помош на судот да го добие фудбалерот и за втората половина од сезоната.

Тебас кажа дека Ла Лига била против регистрација на Олмо затоа што имаат силни докази против Барселона.

„Ние сме против негова регистација, имаме силни докази во борба против тоа. Ќе бараме да биде поништена регистрацијата, мислам дека имаме големи шанси“, вели Тебас.

Голем број клубови од шпанскиот шампионат се жалеа поради тоа што Барселона успеа да го регистрира, а Тебас им дава поддршка.

„Тие се во право. Ако ние како лига поднесуваме жалба, значи веруваме дека не постапувале по законот“, кажа претседателот на Ла Лига.