Елмас се договори со калчолигаш - се враќа во Серија А!

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас го напушта Лајпциг и се сели на позајмица во Торино, објави познатиот новинар Фабрицио Романо.

За услугите на Елмас беа заинтересирани неколку екипи, меѓу кои и Валенсија на Столе Димитриевски, меѓутоа Торино успеал прв да се договори со македонскиот фудбалер.

Елмас ќе игра на позајмица во калчолигашот до крајот на сезоната, по што Торино најверојатно ќе го откупи неговиот договор за 17 милиони евра.

Македонскиот фудбалер претходно играше за Наполи од 2019 до 2024 година, по што се пресели во Лајпциг каде што не се прослави, а во текот на кариерата го носеше и дресот на Фенербахче и Работнички.