Сколс „распали“: Рашфорд треба да биде протеран од соблекувалната!
Сколс смета дека Рашфорд разочаран многу луѓе во клубот, но и навивачите на „црвените ѓаволи“, па поради тоа треба да биде протеран од соблекувалната.
Рашфорд нема настап на последните 11 меча на премиерлигашот во сите натпреварувања, затоа што Аморим го отстрани од своите планови и се бара решение за негово заминување.
„Тренерот може да ви каже многу лоши работи, но најлошо е кога ќе ги изневерите вашите соиграчи, а токму тоа го направи Рашфорд, па затоа сметам дека треба да биде протеран од соблекувалната“, кажа Сколс.