Тејлор доби смртни закани, нема да суди во следното коло!

Еден од најискусните судии во Премиерлигата, Ентони Тејлор подели дури 14 жолти картони на мечот меѓу Борнмут и Челси, а тоа налути голем број навивачи.

Тејлор доби смртни закани преку социјалните мрежи, како и голем број навреди, но и санкција од Премиерлигата.

Раководството на лигата почна истрага против Тејлор, кој нема да суди во следното коло од елитното натпреварување.