Конечно добри вести за Флик: Се повреди Олмо, ама се врати Де Јонг

Холандскиот репрезентативец Френки де Јонг се врати на тренинзите на Барселона по пауза од пет месеци и би можел да конкурира за дуелот против Виљареал претстојниот викенд.

Плејмејкерот малку го крена расположението во Барселона откако вчера се повреди Дани Олмо,, а претходно и Фермин Лопез и Марк Бернал. Де Јонг беше надвор од тимот од април годинава кога се повреди во дербито со Реал Мадрид на Бернабе, но настапи на Европското првенство каде ја обнови повредата и поради тоа паузираше до денеска.

Тој сигурно нема да биде во комбинација за мечот од Лигата на шампионите против Монако, но многу попотребен ќе биде во домашното првенство каде Барселона ја очекува тешко гостување.