Македонската фудбалска репрезентација разочара на стартот на новото издание на Лигата на нации со ремито против Фарски Острови (1-1), но утре ќе има поправен испит против Ерменија во Скопје.

Репрезентативците на Македонија денеска одржаа тренинг пред утрешниот меч и се надеваат дека ќе ја израдуваат македонската публика и ќе освојат важни бодови во битката за прво место во групата.

Натпреварот меѓу Македонија и Ерменија се игра утре на Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје од 20.45 часот.