Пиоли му се враќа на фудбалот, ќе му биде тренер на Роналдо!?

Италијанскиот стручњак Стефано Пиоли е надвор од фудбалот од мај оваа година кога ја заврши сезоната како тренер на Милан, но се чини дека нема уште долго да биде без ангажман.

Италијанските медиуми тврдат дека деновиве тој треба да биде назначен за нов шеф на стручниот штаб на Ал Наср од Саудиска Арабија, на местото на Португалецот, Луис Кастро. Во текот на летото, Пиоли преговараше со Ал Итихад, во еден момент беше и пред потпис, но наводно на Карим Бензема не му се допаднал изборот на челниците на клубот, па преговорите биле стопирани.

Сега Пиоли би можел да му стане тренер на Кристијано Роналдо кој никако да го најде вистинскиот човек што би го однел Ал Наср до титулата во првенството на Саудиска Арабија. Ал Наср чека трофеј од 2019 година, а Кастро најверојатно ќе биде сменет по дербито против Ал Ахли претстојниот викенд.