Македонија го надигра Гибралтар за трета победа во евроквалификациите (ВИДЕО)

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година по дебаклот од Холандија (0-5) славеше против Гибралтар со 2-0 во осмото коло од квалификациите за Европското првенство (ЕП).

Ване Крстевски во 24. минута постигна гол за водство на Македонија, откако испрати одличен удар од работ на казнениот простор на домаќинот.

Во завршницата на првото полувреме во листата на стрелци се запиша и Фитон Адеми кој излезе сам против голманот на Гибралтар и го матира за 2-0.

Македонија се наоѓа на четвртата позиција со девет бодови, додека Гибралтар е последен со три освоени бода.