Се остварија најцрните прогнози: Младиот играч на Барса ќе мора да паузира цела година

Играчот на Барселона, Марк Бернал денеска доживеа операција на предните вкрстени лигаменти и менискусот на левото колено по што треба да почне долгиот процес на рехабилитација.

Она што се шпекулираше пред две недели кога се повреди, денеска доби потврди бидејќи 17-годишниот плејмејкер ќе мора да паузира 12 месеци. Бернал најавуваше блескава кариера, оваа сезона беше стартер на три натпревари од Ла Лига, но повредата ќе го забави неговиот развој.

Слично нешто лани доживеа Гави кој веќе е во аут 10 месеци, а се уште нема најава кога би се вратил во тимот на Барселона.