Мурињо има само една желба - Илкај Гундоган

Германскиот репрезентативец Илкај Гундоган би можел изненадувачки да ја напушти Барселона, по само една сезона во каталонскиот клуб.

За него е максимално заинтересиран Фенербахче, односно новиот тренер на овој клуб Жозе Мурињо кој од управата побарал да му биде донесен искусниот фудбалер од средниот ред. Интерес постои и од Галатасарај, но Фенербахче ги повлекол првите конкретни чекори за негов трансфер.

Гундоган има 33 години, но се уште игра на врвно ниво и во себе носи шампионски менталитет од деновите во Манчестер Сити. Минатата сезона во дресот на Барса одигра 51 натпревар и постигна 5 гола и 14 асистенции.