Ѓоковиќ: Исти сме со Меси, ги остваривме соништата на крајот од кариерите

Новак Ѓоковиќ по освоеното злато на Олимписките игри направи споредба со Лео Меси, вели дека двајцата ги оствариле соништата на крајот од кариерите.

Српскиот ас синоќа си го оствари и последниот сон во пребогатата кариера, освои олимписко злато откако во Париз го совлада Карлос Алкараз во финалето.

По крајот на мечот беше направена интересна споредба, Новак Ѓоковиќ во петтиот обид стигна до златото, исто како што Лео Меси во петтиот обид стигна до трофејот од Светските првенства.

„Ништо не е случајно, јас и Меси сме иста генерација. Тој е спортски и фудбалски гениј, па мило ми е што во исто време со него постигнувам успеси. Интересно е што двајцата ги остваривме најголемите соништа на залезот од кариерите“, вели Новак Ѓоковиќ.

Тој потоа се осврна на шансата која ја пропуштил пред четири години во Токио.

„Во Токио бев многу блиску, неколку гемови ме делеа до финале, каде ќе бев фаворит. Но со причина се случуваат одредени работи во животот. Во Токио го доживеав најтешкиот пораз во кариерата, многу тешко ми падна по тој меч. Играв добро на целиот турнир, но на краојт останав без сила за тој последен исчекор“.

„Во Париз дојдојв моногу посвеж, знаев дека ќе бидам како ѕвер, најдобар кога е најпотребно“.