Оби Микел откри како пропадна трансферот на Осимен во Челси

Поранешниот фудбалер на Челси, Џон Оби Микел ги следи случувањата во премиерлигашот и често ги коментира истите, а една од темите беше потенцијалниот трансер на Виктор Осимен во Лондон.

Осимен долго време преговараше со „сините“, но на крајот му пропадна трансферот, па мораше да се пресели во Галатасарај.

„Бевме многу блиску. Само неколку моменти нè делеа од тоа да постигнеме договор, имаше само мали проблеми кои не беа надминати навреме. Медицинските прегледи исто така не можеше да се завршат дури и да беше постигнат договор затоа што веќе беше доцна“, кажа Оби Микел.