Нема повеќе недопирливи: Дешам ги сели Мбапе и Гризман на клупата!?

Франција загуби од Италија (1-3) во Париз на стартот на новото издание на Лигата на нации, а по мечот следеше хаос во соблекувалната кога голманот Мајк Мењан вербално ги нападнал Килијан Мбапе и Антоан Гризман.

Чуварот на мрежата ги обвини Мбапе и Гризман дека не се труделе доволно за репрезентацијата, а медиумите пишуваат дека истиот став го делел и селекторот Дидие Дешам.

Дешам наводно размислува да ги остави Мбапе и Гризман на клупата за резерви на почетокот на средбата против Белгија.

Франција и Белгија играат вечерва од 20.45 часот.