Шоу на Новак во олимпиското село - заигра и српско коло (ВИДЕО)

Долгоочекуваното злато од Олимписките игри, Новак Ѓоковиќ го прослави со своите сонародници спортисти, учесници на манифестацијата во Париз.

Еуфоријата и задоволството беа големи, тениската суперѕвезда почна да игра и српско коло, а му се приклучија другите и сето тоа се претвори во големо уживање за сите нив.

Србите, а и другите спортисти во олимпиското село ја искористија можноста и да се фотографираат со најдобриот светски тенисер.