Ѓоковиќ сака да игра на Олимписките игри во Лос Анџелес

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ вчера го освои првиот златен медал на Олимписките игри, откако во Париз беше подобар од Карлос Алкараз со 2-0 во сетови.

Ѓоковиќ ја комплетираше својата колекција со успеси, па многумина сметаат дека е време да се повлече од тенисот, но Србинот имал план да игра и на Олимписките игри во Лос Анџелес.

„Сè уште сакам да играм во Лос Анџелес. Сакам да ја претставувам Србија на Олимпијадата, но не знам што ќе се случи“, кажа Ѓоковиќ.