Ѓоковиќ не размислува за пензија: Сака да игра и на ЛОИ во Лос Анџелес!

Новак Ѓоковиќ со вчерашната победа над Карлос Алкараз во финалето во Париз испиша историја успевајќи да го комплетира и златниот слем во кариерата.

Ѓоковиќ одигра фантастичен турнир, а по победата беше многу емотивен, а на прес-конференцијата со еден одговор ги изненади присутните.

Никој, а веројатно ниту самиот Ѓоковиќ не знае уште колку ќе игра, меѓутоа изненандува неговиот план да биде спремен да игра Олимписките игри кои во 2028 година ќе се одржат во Лос Анџелес.

Марјан Вајда исто така пред турнирот во Париз истакнал дека ако Ѓоковиќ не стане шампион во Париз ќе го направи тоа во Лос Анџелес.

„Марјан ме познава и затоа го кажа тоа. Такво мислење имаа и моите родители. Сакам да играм и во Лос Анџелес, уживам кога ја претставувам Србија и сум дел од олимпискиот тим“, одговори Новак.

Ако навистина се случи Ѓоковиќ да го гледаме и на Олимписките игри во Париз тогаш тој ќе настапи на турнирот со 41 година.