Неверојатно: Последниот од трката на 100 метри би бил олимписки шампион во Сеул во 1988 година

Синоќа во Париз беше одржана една од најинтересните и најнеизвесни трки на 100 метри во која победи американскиот спринтер Ноа Лајлс.

Тој им го донесе на САД првото злато во оваа конкуренција по пауза од 20 години откако во финалето беше подобар од Кишејн Томпсон од Јамајка за само пет илјадити делови од секундата. За неизвесноста на трката најдобро зборува тоа што сите осуммина учесници во финалната трка влегоа во само 12 секунди, па осмопласираниот Облик Севил постигна време од 9,91.

Неверојатно звучи податокот дека со тоа време Севил би бил олимписки шампион во Сеул во 1988 година. На Игрите пред  36 години триумфираше Карл Луис со време 9,92, но таа трка беше една од најконтроверзните во историјата бидејќи првично, за победник беше прогласен Бен Џонсон со 9,79, што во тоа време беше светски рекорд, но три дена подоцна тој беше суспендиран поради допинг, а златото му беше доделено на Луис.