Салах добил понуда од ПСЖ каква што не се одбива

Договорот на Мохамед Салах со Ливерпул завршува на крајот на сезоната, а тоа ги загрижува навивачите кои се плашат дека ќе останат без еден од најдобрите фудбалери на клубот.

Француските медиуми пишуваат дека ПСЖ го направил првиот чекор кон потписот на Салах, односно му понудил договор каков што не се одбива.

ПСЖ му нуди тригодишна соработка на египетскиот репрезентативец со неделна плата од 500.000 евра.