Модриќ го собори рекордот на Пушкаш - стана највозрасен играч кој постигнал гол за Реал
За разлика од други натпревари кога придонесувал со асистенции или разигрување на соиграчите, сега хрватскиот ас се запиша и во листата на стрелците и тоа само пет минути откако влезе во игра. Со тоа го постигна првиот гол оваа сезона и го запиша своето име во историјата на Реал по уште еден параметар.
Од синоќа Модриќ е највозрасен стрелец во постоењето на мадридскиот гигант. Тој погоди со 39 години и 116 дена и го собори досегашниот рекорд што го држеше Ференц Пушкаш, а кој изнесуваше 39 години и 15 дена.