Херој на денот: Луис Суарез спречил непознат човек да изврши самоубиство!

Поранешна ѕвезда на Ливерпул и Барселона, Луис Суарез, кој сега настапува за Интер Мајами, се најде во драматична ситуација додека бил на одмор во родниот Уругвај, каде што помогнал во спасувањето на непознат човек, кој се заканувал дека ќе си го одземе животот.

Инцидентот се случил кога 51-годишен маж се качил на дрво со јаже околу вратот, обидувајќи се да изврши самоубиство. Суарез, кој се наоѓал во близина, веднаш пристигнал на местото на настанот заедно со својата сопруга. Во обид да го разубеди мажот, Суарез повикал и експерт од организацијата „Студии за социјална психологија“. И покрај долгите обиди за разговор, фудбалерот и неговата сопруга не успеале да го натераат мажот да слезе од дрвото, но и не му дозволувале да се убие.

На крајот, по повеќе од 20 часовна драма, припадниците на Републиканската гарда успеале да го убедат мажот да се симне. Тој веднаш добил медицинска помош, а подоцна бил пренесен во полициска станица за понатамошна процена и помош.