Мурињо: Во 35 години кариера вакво нешто не сум видел

Екипата на Фенербахче славеше победа од 2-1 над Хајатаспор, но тренерот Жозе Мурињо по натпреварот искажа незадоволство од ситуацијата во турскиот фудбал.

Португалскиот стратег порача дека ситуација како во Турција не видел никогаш претходно во неговата кариера.

Се што можам да кажам е дека по 25 години кариера како тренер и уште десет како аистемт никогаш не суѓ видел вакво нешто. Ова не е ситуација во која клубот може да уништи толку силен систем. Ова е лигата за која сонува секое дете тука, ако сте задоволни со тоа што се случува, ништо не може да се направи.

На натпреварот сите извикуваа: Скандал, скандал, скандал...Тука сите го сакаат тој збор дури и победниците и тоа е најлошо", изјави Мурињо.