Бразилецот Винисиус ќе игра во Македонија - го засили Охрид (ФОТО)
Младиот бразилски репрезентативец, кој игра на позицијата десен бек, потпиша договор со клубот на период од најмалку една и пол година.
„Пресреќен сум што пристигнав во Охрид, клуб со европски амбиции и професионален тим. Ќе бидам целосно посветен и се надевам дека заедно ќе постигнеме големи успеси во мојот нов дом,“ изјави Винициус.
Ракометарите на Охрид по првиот дел од сезоната со 25 бодови се најдобрите во однос на „останатите“, со оглед што пред нив на табелата се само неприкосновените Алкалоид со 30 и Пелистер и Вардар со по 28 бодови.