Елмас го честита Денот на независноста на Македонија (ФОТО)

Македонија денеска го празнува 8 септември, Денот на независноста, а по тој повод се огласи и Елиф Елмас.

Македонскиот репрезентативец и од неодамна фудбалер на италијанска Аталанта на социјалните мрежи објави фотографија со кратка и силна порака.

„Да сме среќни и вечни браќа Македонци“, објави Елмас на социјалните мрежи.

Ќе потсетиме, Елмас летово го напушти Лајпциг и се врати во Италија во редовите на Аталанта за која веќе собра три настапи, а на последниот викендов против Рома беше и стартер.