Oбјавени се сите кандидати за „Златната топка“, тука е и голманот кој беше хит летово! (ФОТО)

„Франс Фудбал“ официјално ја објави листата од 30 номинирани фудбалери кои влегуваат во конкуренција за освојување на „Златната топка“ за 2026 година.

Оваа година ќе биде јубилејното 70. издание на доделувањето на најпрестижната индивидуална награда во светот на фудбалот.

Свечената церемонија ќе се одржи на 26 октомври 2026 година во Лондон. Ова е петта година по ред наградата да се доделува врз основа на заслугите и настапите во една натпреварувачка сезона, поточно за периодот од 3 август 2025 до 19 јули 2026 година, а не според календарската година.

Меѓу номинираните е и актуелниот освојувач на наградата, Осман Дембеле, додека за главни фаворити се сметаат Хари Кејн, Килијан Мбапе и Ламин Јамал.

Уште едно од имињата кои привлекува внимание е голманот Возиња кој се прослави на Светското првенство со одличните настапи на голот на Зеленортски Острови и стана светска сензација.

Фото: UEFA