Ливерпул по 16 години ќе има нов генерален спонзор – ќе инкасира 300 милиони фунти!
Со овој потег, екипата од „Енфилд“ ќе го промени генералниот спонзор на своите дресови за првпат од 2010 година, завршувајќи ја долгогодишната соработка со финансиската корпорација „Стандард Чартерд“. Турскиот авиопревозник ќе влее приближно 300 милиони фунти во касата на англискиот клуб и тоа по 60 милиони по сезона. Британските медиуми пренесуваат дека оваа финансиска инјекција е еквивалентна на сумата од договорот што Манчестер Јунајтед го има склучено со технолошката компанија „Квалком“ во 2024 година, со што Ливерпул финансиски се израмнува со својот најголем ривал на полето на спонзорствата.
„Предниот дел на дресовите на Ливерпул има посебно место во историјата на нашиот клуб. 'Туркиш Ерлајнс' е глобално препознатлива организација која располага со широка мрежа. Со нетрпение го очекуваме почетокот на ова партнерство и се надеваме дека ќе изградиме силна врска, поставена на темелите од спомените за освојувањето на трофејот во Лигата на шампионите во 2005 година“, изјави Бен Лати, комерцијален директор на Ливерпул.
Турската авиокомпанија веќе има силно присуство во спортскиот маркетинг на европско ниво, со оглед на тоа што е официјален партнер на Лигата на шампионите и главен спонзор на турската фудбалска репрезентација.