Не е шега: Голман на англиски деветолигаш стана крал во Уганда!

Триесет и шестгодишниот Џорџ Дезмонд Камураси, кој настапува како голман за фудбалскиот клуб Саут Ист Донс во деветтата англиска лига, е избран за иден крал на Торо, едно од традиционалните кралства лоцирани во западниот дел на Уганда.

Одлуката е донесена од страна на специјален комитет кој му ја даде поддршката да го преземе тронот и да го наследи неговиот роднина Ојо Нимба, кој почина кон крајот на минатиот месец на 34-годишна возраст. Покојниот крал го презеде престолот уште како тригодишно момче, држејќи го статусот на најмлад владејачки монарх на светот со децении. Сега, неговата позиција ја презема Камураси, чиј живот досега беше фокусиран на аматерскиот фудбал во пониските лондонски лиги.

Иако Уганда е република предводена од избран претседател, државата го признава постоењето на традиционалните кралства на нејзината територија, кои ги задржале своите монарси и по завршувањето на колонијалниот период. Политичката моќ на овие монарси во денешно време е главно од симболичен карактер, но нивното влијание во општествениот и културниот живот во Уганда останува исклучително значајно.