Работнички се засили со искусен крилен центар
Марковиќ веќе играше во македонското првенство, односно го носеше дресот на Кожув, а исто така се познава со тренерот на Работнички, Горан Самарџиев.
Самарџиев го тренираше Марковиќ во словачки Комарно на почетокот на минатата сезона, по што искусниот крилен центар се пресели во Кожув.
Марковиќ ја почна професионалната кариера пред 18 години, а најпознат клуб за кој играл во истата е Игокеа.