Бивш италијански шампион сака да го врати Елмас во Серија А
Елмас беше важен дел од Наполи во минатото пред да се пресели во Германија на почетокот на 2024 година, но во редовите на Лајпциг не се прослави и поради тоа се шпекулира дека сака да се врати во калчолигата.
Поранешниот тим на Горан Пандев планира да испрати пoнуда до Лајпциг за шестмесечна позајмица не Елмас, а најверојатно истата ќе биде прифатена од бундеслигашот.
Елмас во кариерата играше за Работнички, Фенербахче, Наполи и Лајпциг.