„Земјотрес“ во регионот: Човекот кој го градеше моќниот Арсенал влезе во раководството на Левски
Бразилецот пристигна во Арсенал во 2019 година и во следните сезони, заедно со Микел Артета и останатиот спортски сектор, учествуваше во градењето на млад и конкурентен тим, кој подоцна стигна и до шампионската титула во Премиер лигата.
Меѓу највпечатливите потези во неговиот период во Лондон беше формирањето на одбранбениот тандем Вилијам Салиба – Габриел Магаљаеш. Салиба беше доведен од Сент Етјен за околу 27 милиони фунти, а по периодот на позајмици прерасна во еден од најдобрите дефанзивци во светот. Габриел пристигна од Лил за слична сума. Важен дел од проектот беше и Мартин Одегард. Норвежанецот најпрво пристигна на позајмица од Реал Мадрид, а потоа Арсенал го откупи за околу 30 милиони фунти. Денес тој е капитен и еден од лидерите на тимот.
Сепак, најголемата трансферна операција во ерата на Гаспар беше доведувањето на Деклан Рајс од Вест Хем. Арсенал ја доби битката со конкуренцијата за потписот на англискиот репрезентативец, а трансферот вреден 105 милиони фунти стана рекорден во историјата на клубот. Меѓу успешните потези се вбројува и Давид Раја, кој пристигна за 27 милиони фунти и донесе дополнителна стабилност на голманската позиција.
Со Еду во раководството, Левски ќе се обиде да направи нова династија во бугарскиот фудбал откако 14 години по ред шампион на земјата беше Лудогорец.