Проблеми за бразилската легенда: Роберто Карлос остана на улица
Имено, сопругата со која Карлос е 15 години започна процед за развод, а додека процедот е во тек Бразилецот не може да живее во својот имот.
Во заедничкиот живот Карлос и сопругата Миријама се стекнале со богатство од 160 милиони евра и сега се работи на распределба
Додека е во таква ситуација Карлос ги користи просториите во тренинг кампот на Реал Мадрид кои фудбалерите ги користат за време на карантин.
Во овој момент Кароос е вработен во шпанскиот гигант и работи во маркетинг секторот. Исто така од претходните бракови има вкупно 11 деца за кои плаќа алиментација.