Консеисао ја прати ситуацијата на Олмо, сака да го донесе во Милан!

Барселона мака мачи да го регистрира Дани Олмо за вториот дел од сезоната, веќе неколкупати беше одбиена од Ла Лига поради финансиската ситуација во која се наоѓа.

Олмо сака да остане во Барселона, но нејасно е дали клубот ќе успее да го регистрира. 

Правилата велат дека фудбалерот веќе може да замине како слободен играч, но тој засега чека Барселона да го реши проблемот и одбива да мисли на други клубови.

Сепак таквиот негов став има рок на траење, во меѓувреме повеќе клубови ја следат ситуацијата, а еден од нив е и Милан.

„Кориере дело Сера“ пишува дека Серџо Консеисао сака да го потпише Дани Олмо на позајмица до крајот на сезоната.