Талески: Да го вратиме Вардар таму каде што му е местото!
По потпишувањето на договорот, Давор Талески даде и изјава во која ги потенцираше целите на клубот.
„Знам што значи да се биде дел од ваков голем клуб. Моите очекувања се да се подобриме во втората полусезона. Потоа во следните години сакаме да го вратиме клубот каде што му е местото. Сакаме шампионска титула и успех во Европа“, кратко прокоментира Талески.
Талески во Вардар дојде од Шкендија, а бранеше и во екипите на Победа, Металург, Брегалница, Пелистер и Струга, настапуваше и за Хонка од Финска и АЕ Лариса од Грција. Тој беше младински репрезентативец, има повик и во сениорскиот состав на Македонија, но нема настап.