Европски гигант одбил да го купи Роналдо зашто бил скап и – стар!
Во моментов, нема потврдени информации за преговори за продолжување на неговиот договор, ниту за неговите идни планови. Медиумите во Шпанија објавија дека неговиот менаџерски тим го понудил Роналдо на ПСЖ, кој ги одбил со образложение дека Португалецот е прескап и премногу стар играч за нивните потреби.
Иако сè уште не е јасно дали ова значи враќање на Роналдо во европскиот фудбал, неговата амбиција да достигне 1.000 голови во кариерата покажува дека нема планови за пензионирање во блиска иднина.